Недела на дизајн во Скопје
„Звукот на материјалите“ е темата на 7. Skopje Design Week кое ќе се одржи во Јавна соба од 22 ноември (среда) до до 26 ноември (недела) .
На најпопуларната дизајнерска платформа за афирмација на културните и креативни индустрии на регионот ќе се одвиваат пет програмски целини, на чело со две големи изложби и првата обука за дизајнерско размислување за деца.Недела на дизајнот во Скопје е дело на Јавна соба – Центар за дизајн и иновација, во соработка со меѓународната платформа Балканска мрежа за дизајн.
Сите активности на Неделата на дизајнот се отворени во Јавна соба и Лукс мебел и расветa секој ден од 08.00 до 01.00 часот, а влезот е слободен.
Меѓународната изложба ЕКСПО зона (EXPO) годинава ја сочинува микс од 15 етаблирани, но и млади и брендови, студентски проекти и иновации.
Земја во фокусот е Унгарија, а на изложбата „Обликување на Унгарија – дизајнот во 21. век“ во Јавна соба ќе се претстават 25 современи млади индустриски дизајнери, инoватори и инженери од земјата.
Настапите на бендот на џез пијанистот Васил Хаџиманов и на триото на Георги Шарески ќе ја музичката програма на Недела на дизајнот, а концерти ќе имаат унгарскиот Михаљи Борбељи Балкан џез проект, српските Кило Кило Банда и Артан Лили и диџеите, кои ќе пуштаат музика секоја вечер на приземјето и на поткровјето на Јавна соба – Алек Сотиров, Флудер, Александар Мисковски и Фреки Фарис.
На 23 ноември (четврток) во Јавна соба, во популарната кулинарска програма, перформанс ќе има војводинскиот шеф Мирко Веселиновиќ, кој ќе приготви 80 порции од традиционалниот војводински свински паприкаш, а ќе се дегустира и неговата прочуена ракија од кајсија и круша.
Викендот на 25 и 26 ноември ќе се одржат две детски работилници, на кои под водство на балкански експерти децата од 7-14 години ќе научат да развијат дизајнерски производ од идеја до реализација, како и да дизајнираат и да создадат прототип на мобилна апликација.
Неделата на дизајнот годинава ја лансира 4-дневната програма за дизајнерско размислување за деца, во соработка со Британскит совет и Свис контакт. Во програмата, 20 дизајнери и наставници од регионов ќе бидат обучени од британски ментори да изведуваат настава за дизајнерско размислување за деца од 10 -18 години. Програмите за деца ќе стартуваат од јануари, 2018.