Небескиот феномен супермесечина денеска видлив и од Македонија
Во 2018 година, во февруари немаше полна месечина.
Но, оваа година февруари ја претставува најголемата полна месечина во 2019 година, наречена супермесечина или снежната месечина, бидејќи во ова доба на годината речиси секогаш паѓа снег. Преку целиот свет, месечината ќе биде видлива за голото око ноќта помеѓу 18 февруари и 19 февруари, како што ќе минува низ ноќното небо. Таа ќе го достигне врвот на својата целосна фаза на 19 февруари за голем дел од светот. Што е тоа супермесечина? Тоа е популарен термин за она што астрономите го нарекуваат перигена полна месечина. Со други зборови, тоа е полна месечина во близина на перигејот, или најблиску до Земјата за овој месец. Оваа полна месечина во Февруари 2019 година ќе ја достигне својата точна целосна фаза поблиску до времето на перигиите од која било друга полна месечина оваа година. Оттука ова е најблиска супермесечина за годината.
Ќе можете ли да разберете со окото дека оваа полна месечина е поголема од обична полна месечина? Искусните набљудувачи велат дека можат да го направат тоа, но – за повеќето од нас – разликата е премногу мала за око да забележи. Доколку сакате да ги тестирате своите сетила, ви сугерираме да појдете во природа и ако имате среќа небото да биде чисто, да се обидете да воочите дали навистина постои разлика или не. Кај нас месечината ќе ја достигне својата полна фаза во 16. 53 ч., по Централно Европско Време. Исто така, гравитацијата на Месечината влијае на Земјата многу повеќе отколку обичната полна месечина. Затоа, супермесечините создаваат поголеми плими од вообичаената плима, кои имаат тенденција да се појават и траат еден ден или два по полна месечина.