Напаѓачот од Флорида бил дел од организација за права на белците


Напаѓачот од Флорида Николас Круз е поврзан со белата милитаризирана националистичка група „Република Флорида“, информираат американски медиуми.

На веб-страницата на „Република Флорида“ групата се дефинира како „организација за заштита на граѓанските права на белците, чија цел е да создаде етничка држава во Флорида. Лидер на таа група е Џордан Џереб.

Лидерот на „Република Флорида“ потврди дека напаѓачот Николас Круз е член на организацијата и учествувал во паравоени вежби во Талахаси. Тој додава дека групата свикува „спонтани демонстрации по случаен принцип“ и се обидува да не учествува во модерниот свет.

Џереб изјави дека лично не се познава со Круз, но подвлече дека тој не дејствувал во име на групата и одговорноста за дејствувањето е лично негова.

Лидерот на „Република Флорида” додава дека Круз имал некакви проблеми со девојка и веројатно решението да изврши напад на Денот на вљубените не е случајно