Меланија е попопуларна од Доналд Трамп


Првата дама на САД, Меланија Трамп се уште е попопуларна од својот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, јави Си-Ен-Ен.

Истражувањето на телевизијата покажало дека 47 отсто од испитаниците имаат позитивно мислење за Меланија, а Доналд Трамп го поддржуваат 40 отсто од анкетираните Амeриканци.

Првата дама имала стабилна поддршка цела 2017 година, а најмногу во март со 52 отсто. Една година претходно, 36 отсто од анкетираните имале позитивно мислење за неа.

Сепак, 37 отсто од анкетираните не ја поддржуваат Меланија Трамп, а нејзиниот сопруг цели 55 отсто, информира Си-Ен-Ен.