(ВИДЕО) Мадона наместо за Арета Френклин зборуваше за себе


На доделување на ВМА музичките награди, кралицата на поп-музиката, Мадона беше задолжена да одржи говор на неодамна починатата соул пејачка Арета Френклин.

Меѓутоа, наместо говорот посветен за Френклин, Мадона го искористи десетминутниот говор да зборува повеќе за себе си, потсетувајќи се на нејзините почетоци.

– Не би се случило да стана една од најголемите поп-ѕвезда, без кралицата на соулот. Знам дека таа (мислејќи на Арета) влијаеше на многу луѓе кои се присутни вечерва во оваа сала – рече Мадона меѓу другото.

Меѓу наградените на годинешното доделување на музичките награди беа Камила Кабељо, Ариана Гранде, Џенифер Лопез, Рита Ора, Авичи, Карди Би, „Имеџин Драгонс“ и други.