Кралски стил: Кејт или Меган?


Англија-Во Бакингемската палата кралицата Елизабета вчера организирала свечен прием во чест на 50-годишнината од службата на принц Чарлс во Велс.

Она што најмногу ги интересирало сите секако биле најпознатите јатрви во светот: војвотките Кејт Мидлтон и Меган Маркл, кои конечно биле фотографирани на исто место.

И Кејт и Меган дошле на примерот во придружба на своите сопрузи, принц Вилијам и принц Хари, и секоја од нив блеснала во свој стил.

Војвотката Кејт е позната по едноставната, префинета елеганција, па и овој пат одбрала токму таков фустан: свилена, нежносина тоалета со должина под колена на Александер Меквин, со која облекла беж салонки.

Сопругата на принцот Хари се појави во златна и сива комбинација, носејќи елегантен бел мантил над неа. Стилистите на островот забележаа дека тоа е дело на Аманда Векли, и таа не го носи за прв пат.