Комплет карти за покер од црн мермер и чипови од метеорит за 150. 000 долари
На кралицата на игрите со карти – покерот се „навлечени“ неколку милиони луѓе на светот. Некои се коцкаат од забава и заради адреналин, а други од корист.
И, сето тоа потоа станува значаен дел од нашиот живот.
Некои од оние кои едноставно сакаат само да ги фрлаат картите на маса и не сакаат пари, важно им е шпилот да изгледа гламурозно, така што и блефот ќе остави поотмен впечаток.
Во некои казина, по партија покер или блек-џек, играчите го добиваат шпилот на подарок (честопати и издупчен), за тој да не може да се употреби повторно.
На Микол картите тоа не може да им се случи. Тие чинат 775 долари, а се направени од црн мермер и се специјално наменети за покер.
Постраствените покерџии сметаат дека тоа и не е така скапо, оти „камените карти се вечни и не можат да се излижат и уништат“.
Сепак, шпилот може да послужи само како споредба со „дијамантскиот шпил“ на компанијата „Сишу Плаџинг Кардс“, отпечатен на висококвалитетна хартија и украсен со резбани детали и металик-сребрени и златни букви.
За овие специјални шпилови, изработени се и комплет чипови, направени од метеорит.
Легендата вели колекцијата тешка речиси 14 килограми е изработена од парче метеор што паднал на Земјата пред 800.000 години, на тлото на Шведска.
Швеѓаните наводно, овој „вселенски пронајдок“ не го ставиле в музеј, туку го исекле на 125 чипови. Покер комплетот е спакуван во кожен куфер. Тој вреди 150.000 долари, а со него ќе добиете и пет коцки од коска од изумрен сибирски мамут.