Колач заледено јаболко (посно)
Потребно е:
1 кг јаболка
600 мл вода
8 лажици густин
2 кесички ванилин шеќер
150-200 гр шеќер
500 гр посни бисквити
За декорација
По потреба растителна слатка павлака
Приготвување:
Брз и лесен колач, кој ќе се најде за време на постите.
- Најпрво јаболката ги миеме, лупиме, и ги рендаме на крупната страна од рендето. Ги ставаме во тенџере на оган, заедно со 500 мл вода. Кога ќе почне да вре го додаваме шеќерот. Може да ставите по ваша желба зависно од киселоста на јаболката. Оставаме да се вари околу 10-тина минути.
- Густинот го раствораме во преостанатите 100 мл вода, па го додаваме во јаболката, вариме на тивок оган додека да се згусни.
- Една 1/3 од бисвитите редиме, па над нив ставаме од пудингот со јаболка, така три пати и најгоре може да декорирате со растителна слатка павлака, и какао.