Килим


Лејла Сабит

 

За некого традиција, а за некого гламур.

За некого декор или спомен, а за некого моќ.

Зависи дали е ткаен, персиски или црвен.

Како наследство, за заслуги, или со покани.

Го тресете.

Го перете.

Го чистите.

Го газите.

Го пазите.

Позирате.

Вие или домаќинката.

Сами или со партнерот.

Во штикли или боси.

Спортски, дотерани или разголени.

Дома, на гости или во театар.

Во Скопје или во Холивуд, сеедно.

За инает на комшиите, колегите, критичарите и сеирџиите.

Може да ве направи славен или да ви ја уништи кариерата.

Сите за него зборат, а уште повеќе озборуваат.

Создава пријатели ама и непријатели.

Ви доаѓаат канети, непоканети и случајни гости.

Од ќеф, од потреба, од интерес, спонтано или намерно.

Се смешкате пред лузер(к)и, позер(к)и и политичар(к)и.

Зад секој килим се крева прашина, крие многу ѓубре и тајни, а знае да предизвика и скандал.

Затоа внимавајте каде газите, позирате, спиете и со кого се дружите.

Килимот не простува, најчесто казнува.

Кој доживеал пет минути слава, знае.