Караџовски смирува: има само пет барања за разрешување судии


Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски ги демантираше информациите во јавноста дека ќе се разрешувале стотина судии,нарекувајќи ги “лажни вести“.Во изјава за медиумите, дадена на паузата на денешната седница, тој рече дека во изминативе денови ваквите вести предизвикале вознемиреност кај судиите и претседателите на судовите, кои се јавувале во Советот да прашаат дали е тоа вистина. Затоа,тој неколку пати во речиси дваесетминутната изјава повтори дека постојат пет барања за утврдување на одговрност на судиите, а до овој момент до Судскиот совет се пристигнати вкупно 217 претставки и поплаки од граѓани и правни лица.
„Едно е претставка, а друго барање за разрешување судија. До овој момент во СС има 217 претставки и поплаки. Во овој број се и оние кои се вратени кај нас како незавршени или незапочнати од веќе укинатиот Совет за утврдување факти и оние што подоцна пристигнаа до нас“, нагласи Караџовски.Тој објасни дека согласно Законот за судски совет, има само 5 барања за утврдување на одговорност на судии, кои биле доставени во времето кога постоел Советот за факти.

Целиот текст на правосудство.мк.