Исповед на жртва на Ар Кели: Ме присили на групен секс
Минатата недела полицијата на Чикаго подигна обвинение против познатиот пејач Роберт Р. Кели во десет точки поради сексуална злоупотреба и му одреди кауција од 10 милиони долари.
Лиза Ван Ален, жената која прва го обвини за сексуална злоупотреба и сведочеше против него во 2008 година, а потоа се појави и во контроверзниот документарен филм „Да се преживее Ар Кели“, во авторски текст за „Њујорк тајмс“ напиша сека во моментот кога таа истапила со својата приказна, кога се уште не беше почнато движењето #MeToo, се уште немало простор жените кои преживеале сексуално насилство – а особено црни девојки – да бидат сослушани, но денес е поинаку.
Лиза, во 2008 година, кога сведочеше против Роб, кого го нарекуваше Кели, била во петтиот месец на бременоста. Таа пишува дека била многу исплашена, а дека една жена на влезот од судницата и викнала: „Лажливке!“. Ван Ален била главен сведок против Кели во неславен случај на детска порнографија.
„Јас бев единствена личност на снимката покрај него и 14-годишно девојче. Имав само 17 години кога го запознав Роб, и самата малолетна кога прв пат ме присили на групен секс со него и со девојчето од снимката. Ми рече дека таа има 16 години“, вели Лиза.
Истакнува дека, иако била свесна за фактот дека вистината мора да излезе на виделина, дека сеедно се чувствувала како лоша личност затоа што сведочела против човекот кој ја злоупотребувал. покрај тоа, таа вели дека самиот процес на сведочење на суд бил еден од најстрашните искуства кои ги доживеала.
„Ме решетаа со прашања три часа. Бев понижена и посрамена. Ме малтретираа поради тоа што правев во минатото. Ме нарекуваа „уличарка“. Сакаа да се почувствувам како ѓубре“, вели таа.
Поротата на крај одлучи дека Кели не е виновен ни по една од 14 точки од обвинението, а Лиза вели дека во месеците потоа била изложена на негативни реакции од јавноста, и дека ја нарекувале со секакви имиња.
Лиза додава дека со својата 16-годишна ќерка ја гледала документарната серија „Да се преживее Ар Кели“ и дека во тој момент сфатила колку млади девојки денес поинаку се поставуваат во партнерскиот однос.
„Јас премногу преживеав – животот во згрижувачки семејства, сексуална злоупотреба како дете, бездомништво, партнерско насилство и Роб. Ќерката ја заштитив од работите од кои јас не бев заштитена. Таа знае да каже дека сака свој простор во односите со момчињата. И излегува со свои врсници. Кога јас имав 17 години, Роб беше во своите триесетти години. Секогаш ја барав љубовта, мојата ќерка се сака себеси. Нека нашите ќерки никогаш не запознаат мажи како што е Роб Кели“, вели таа.
Лиза вели дека докуметарецот достигнал рекордна гледаност, дека милиони луѓе виделе дека Ар Кели е насилник, и дека светот по прв пат застанал на страната на секое девојче и жена кои се злоупотребувани од Кели или кој и да е друг моќен маж.
Таа исто така, додава дека во ниеден момент, се до сега, немала идеја дека Кели ќе биде изложен на јавноста како насилник и осуден за она што го направил. Документарецот, движењата #MeToo и #MuteRKelly, но и храбрите луѓе кои ја раскажале вистината ѝ ги отвориле очите на јавноста, а ако Ар Кели биде осуден, тој ќе се соочи со максимална казна од 70 години затвор.
„Повеќе од десет години откако нервозно се соочив со него во судница, знам едно: ова нема да се заврши како што заврши претходно“, заклучува Ван Ален.