Избор „Кралица на Евроазија“: Катерина со најубав национален костум


Македонскиот модел Катерина Ничовска освои титула на изборот за убавина наречен кралица на Евроазија, кој се одржа во Анталија, Турција.

Катерина ја освои наградата за најдобар национален костум.

„ Изборот се одржа во прекрасниот Калисата ресорт во Белек, Анталија, каде што  учесничките претстојуваа 10 дена, подготвувајќи се за големото финале“, вели модниот менаџер Мики Црнокрак.

Новата Кралица на Евроазија е претставничката на Молдавија, а круната и ја предаде минатогодишната победничка, нашата Сандра Стефановска.

И Сандра и Катерина се членки на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина.