Зошто некои зрна пченка не пукаат кога правиме пуканки


Списанието „Бизнис инсајдер“ одговара на прашањето зошто некои пченкарни зрна не пукаат кога правиме пуканки.

 

 

Проблемот е во тоа што лушпата на пченкарното зрно е отпорна на вода, вели Хелен Церски, автор на книгата „Бура во еден куп“.

„Под лушпата, во внатрешноста на пченката, се наоѓа одредена количина вода и густин”, објаснува Церски.

Додека зрната се загреваат, водата почнува да испарува. Пченката се шири, додека во еден момент поради притисок мембраната не пукне.

Некои пченкарни зрна веќе ја загубиле влагата поради оштетување, па затоа овој процес повеќе не е возможен, бидејќи нема испарување на вода, и затоа не постои притисок.