ЕП ракомет 2018: Вујовиќ распали по ЕХФ


По драматичнот натпревар во кој Словенија остана без победа во дуелот против европскиот шампион Германија, откако француските судии по истекот на времето и прегледувањето на снимките досудија најстрога казна на Германција, селекторот на Словенците, Веселин Вујовиќ, распали по судиите, но и челниците на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

На прес-конференцијата по натпреварот, разлутениот Вујовиќ не бираше зборови, па челниците од ЕХФ ги нарече „дебили“.

– Не знам што се случи, не ги знам правилата. Честитки до Германија за ремито, многу среќа во иднина. Зошто видео-технологијата ја користеа на крајот, а не при измислениот пенал над Генсхајмер за што измислено исклучување доби Кавтичник, а потоа и нашата клупа. Застанав на голот за да покажам дека направија хаос, дека направија спортот да е смешен бидејќи го водат дебили, изјави Вујовиќ на прес-конференцијата.

Дуелот меѓу Словенија и Германија заврши со нерешен резултат 25-25.