Економските промотори заминуваат од Агенцијата за странски инвестиции


Министерство за економија подготвува предлог на закон за изменување на Законот за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.

Со предлог на законот за изменување на Законот за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија се брише одредбата за економските промотори, со оглед на тоа дека истите нема да бидат повеќе во надлежност на Агенцијата.

„Воедно се брише одредбата со која еден од условите предвидени за директорот на Агенцијата се психолошки тест и тест за интегрите. Со предлог на законот за изменување на Законот за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија се допрецизираат одредени одредби и се усогласуваат со одредбите на Законот за административни службеници ( Службен весник на Република Македонија бр. 11/18)“, пишува во образложението на предлог-законот.