Русија и Индија заедно работат на хиперсонична ракета


Во следните неколку години ќе биде лансирана хиперсоничната воздушна ракета Брамос-2, на која Русија и Индија работат заедно, објави „Независимаја газета“. Прототипот на ракетата Брамос-НГ беше презентиран на Аеро Индија 2019, од страна на руско-индиската компанија Брамос аероспејс.

Според шефот на Одделението за информатички технологии во компанијата, Правин Патхак добро се одвива работата на хиперсоничниот проект, за кој вкупно се потребни околу пет години.

Пробно лансирање на ова оружје, кое ќе се поставува на авиони на МиГ-29 и Су-30МКИ, веројатно ќе се случи кон крајот на 2023 година или почетокот на 2024 година.

Брамос е двострана, крилеста ракета со прв степен со цврсто гориво, достигнува хиперсонична брзина и може да лета до целта на висина од 10 метри над земјата. Може да погоди цели на растојание од 400 км. Брзината на ракетата е еднаква на 3,5 пати од брзината на звукот.

Во 2013 година во Индија успешно беше лансирана бродската хиперсонична ракета „Брамос“ – продукт на руско-индиската соработка, создадена, исто така од „Брамос аероспејс“.