Европската комисија прифати корекција на границата Србија – Косово


Брисел би требало да го прифати договорот меѓу Србите и Албанците со кој би се решил долгогодишниот проблем со Косово, изјави европскиот комесар Јоханес Хан, пренесе Еуроактив.

– Се работи за билатерално решение што не може да се користи како пример за други прашања, изјави тој во Виена, јави Танјуг.

Во анализата Еуроактив се наведува дека намерата на комесарот Хан е со таа изјава да отфрли стравувања дека какво било менување на граници на Балканот може да покрене нови проблеми во тој регион.

Белград и Приштина мораат да ги нормализираат односите за да се квалификуваат за членство во ЕУ, а оној момент кога ќе се постигне договор, тој би требало да биде почитуван од страна на сите членки на Унијата, додал Хан.

Постигнувањето на договорот во дијалогот Белград – Приштина со кој посредува ЕУ, Хан го опишал како „геополитичка неопходност“ и потсетил на обврската ЕУ да се грижи за европските држави не препуштајќи таква улога на трети држави во светот.