Ева Лонгорија: Не може да ослабне по породувањето
САД– Актерката Ева Лонгорија (43) и понатаму е ѕвезда на црвените килими и гала настани, по породувањето. Ѕвездата на „Очајни домаќинки“ сѐ уште мака мачи со килограмите и никако да си ја врати витата става по која ја препознаваме. На хуманитарен настан во Лос Анџелес таа сепак избра тесен модел кој и ги оцртуваше облините.
Актерката пред шест месеци го роди синчето Сантиаго Енрике.