Детален неделен хороскоп


ОВЕН

Работа: Работните должности се одвиваат сосема добро, но не се занесувајте дека и натаму сѐ ќе тече како подмачкано – пред вас сѐ уште има работа – дајте го најдоброто од себе!
Љубов: Со Венера во Бик и Месечината во Стрелец ќе уживате повеќе во својата врска – ве очекуваат славења, родендени или забави, а тоа е вистинска можност за уживање со саканите.
Здравје: Сега сте во добра форма и ако очекувате информации на ова поле, тие треба да се движат во ваш прилог – направивте сѐ што можете и сега тоа ви се враќа повеќекратно. Верба.

БИК

Работа: Со Венера во вашиот знак поткрепени сте со голема среќа и ако не сте вработени, сега може да најдете нов ангажман. Ако веќе работите, покажете колку вредите – промоција!
Љубов: Сега заемно се поддржувате со саканите и влезени сте во фаза кога сте полни со самодоверба. Затоа излегувајте почесто, мешајте се меѓу луѓето и уживајте во добрата среќа.
Здравје: Планетите укажуваат дека вашата сила е робусна – ова е одлично време да ги коригирате лошите навики и да воведете дисциплина, онаму каде што е најпотребна. Баланс!

БЛИЗНАЦИ

Работа: Ретроградниот Јупитер и Меркур чинат неефективно да ја користите сопствената сила, па сега може самите да се саботирате немајќи дисциплина и јасна цел. Брзате.
Љубов: На вашата врска ѝ е потребна итна трансформација – кротете си ги темпераментот и импулсивното однесување – она што повеќе не ви служи, слободно пуштете го да си оди. Шанси.
Здравје: Можеби сте загреани да преземете чекори во подобрувањето на вашето здравје, но имајте предвид дека нема да постигнете ништо ако сакате сѐ да решите само за една недела.

РАК

Работа: Би можеле да научите важна лекција од неочекувани последици од претходно донесени одлуки – фокусирајте се на коренот на проблемот и ослободете се од тежината. Игра.
Љубов: Можни ситни несогласувања и расправии на ова поле – сега е важно да научите повторно да си играте како дете, без никакви очекувања. Не се расправајте за секојдневието.
Здравје: Месечината што се гаси укажува на тоа дека постојат нејаснотии во врска со вашето тело – обрнете внимание на симптомите и побарајте стручна помош и контроли – без паника!

ЛАВ

Работа: Иако работите на индивидуални проекти, сепак околу вас е цел тим кој ќе ви помогне многу да застанете на нозе и постигнете баланс. Можеби е бавно, но остварувања има!
Љубов: Сега е многу важно да се смирите и да видите на каква основа стојат вашите интимни врски – можеби вашите сакани не ги гледаат работите како вие? Смирете се малку, дајте повеќе.
Здравје: Ова поле укажува дека ви е потребен баланс и умереност – сето ова води кон здрав и исполнет живот. Дали спиете доволно, дали вежбате редовно или јадете соодветно? Внимание.

ДЕВИЦА

Работа: Поради ретроградниот Меркур, можеби сте збунети и заведени од вистинскиот пат – не двоумете се да ги прашате соработниците и супервизорите во која насока се движите.
Љубов: Сега доаѓате во прв план и со поддршка од Венера од Бик привлекувате многу личности – не игнорирајте го ова. Спремни сте да се соочите со непознатото и да се дадете себе најдобро.
Здравје: Ако не ви се чинат доволни, тогаш побарајте повеќе мислења на ова поле – верувајте им на своите инстинкти, но следете ги зададените медицински совети. Најдете време за одмор!

ВАГА

Работа: На удар сте на повеќе незгодни планетарни пласмани, но ако успеете да го држите својот темперамент под контрола, ќе успеете да ја минете оваа седмица многу полесно.
Љубов: Ретроградниот Меркур во Овен укажува на недоразбирања и можни сепарации од саканите – ова е важно време за јасна комуникација, затоа не кријте се, туку разговарајте за сѐ!
Здравје: Оваа недела ќе е многу важно да обрнете внимание со што се занимавате – нервите ви се напнати, затоа направете сѐ што можете да се смирите. Вежбањето може да помогне многу.

СКОРПИЈА

Работа: Сега се појавува шанса да се повлечете од безнадежната ситуација и да се борите кога условите ќе бидат подобри. Не се инволвирајте во работните политики и интриги.
Љубов: Со Венера во Бик најважна е темата на доверба – ако сте сомничави кон своите сакани, најдете начин да разговарате, без оглед колку се болни овие теми. Добри шанси за нова љубов.
Здравје: Анализите што ги добивте не се евангелија, така што ако ве очекува оперативна процедура, побарајте повеќе мислења од различни специјалисти. Што навистина ве загрижува?

СТРЕЛЕЦ

Работа: Веќе сте ценети на вашето работно место, но како да не сте свесни за тоа – сфатете дека останатите во вашата организација ѝ веруваат на вашата работа и не двоумете се.
Љубов: Со ретроградниот Меркур би можеле да се соочите со себичност, љубомора и незадоволство на ова поле, особено ако околу вас се моткаат повеќе заинтересирани личности.
Здравје: Вашата потсвест ви праќа совети кои не ги слушате – најдете време да се усогласите со сѐ – блиските и својата околина, грижејќи се за младите или болните. Најдете време за славење.

ЈАРЕЦ

Работа: Ова е време кога е добро да се повлечете и да си ги преброите силите – мир и интелектуален мир среде голема битка. Реорганизација и откривање на нова цел.
Љубов: Моментално вие и вашите сакани сте дисконектирани – еден е на еден правец, другиот на сосема спротивен – сепак, најдете време за помирување. Зарем заборавивте колку сте моќни?
Здравје: Со три планети во вашиот знак треба да имате на ум дека не смеете да се форсирате, за да не си предизвикате дополнителни грижи. Имате сила да минете низ сѐ, но штедете ја силата!

ВОДОЛИЈА

Работа: Неделава ве очекува привршување на многу отпочнати проекти, за многу кратко време. Некоја интуитивна женска личност може да ви помогне многу – верувајте ѝ! Успех.
Љубов: Лесни и весели се спријателувате со голем круг на луѓе и личности кои ви нудат нови перспективи и увиди. Сега не сакате да сте сами, па излегувајте со саканите или пријателите.
Здравје: Вашата енергија и виталност треба да се добри, а доколку планирате бременост, сега е идеално време за тоа. Ако нешто станало стагнантно, сега е момент за голема трансформација.

РИБИ

Работа: Со планетите во вашето второ поле, доаѓате до момент на исполнување и среќа – долгоочекуваните финансии доаѓаат, а на повидок е и нов ангажман. Дружба со колегите. Среќа
Љубов: Она што го правите денес, ќе донесе резултати утре, затоа прашајте се каква иднина би сакале за себе и направете сѐ што можете во тој правец. Ќе имате среќа и поддршка од Венера.
Здравје: Ова е добар период да се прашате што уште може да направите да ја подигнете својата виталност на највисоко ниво. Дали ви се потребни повеќе вежби или одмор? Планирајте добро.

Ирена Танчева

Астролаб

[email protected]