Детален неделен хороскоп


ОВЕН

Работа: Оваа недела може да се соочите со циклична промена, а која ќе прикрие многу работи во заднина – говорете јасно со колегите за да се разберете подобро. Бидете трпеливи!
Љубов: Со полната Месечина во Вага ќе увидите дека емоциите се зголемени, па односите се вжештуваат и стануваат нетрпеливи. Внимавајте како се однесувате со партнерот и попуштете.
Здравје: Сега дефинитивно треба да ја следите својата интуиција на ова поле – доколку дадената дијагноза се чини сомнителна, побарајте и второ мислење од некој што ќе му верувате. Баланс!

БИК

Работа: Со транзитот на Месечината во Девица ќе имате склоност да се губите во ситници и така да си ја усложнувате работата. Шанси со кои ќе се потврдите пред авторитетите. Ангажман.
Љубов: Се чини дека за сега ниту двајцата сте спремни да поработите на нештата кои го бараат вашето внимание. Размислете за ова, луѓето не живеат среќни засекогаш туку така. Не се лажете
Здравје: Сега сте спремни да направите напор и да ја подобрите општата кондиција, бидејќи игнорирањето на симптомите нема да направи да се чувствувате подобро. Секогаш може уште!

БЛИЗНАЦИ

Работа: Ве има фатено некоја летаргија и моментално сте неисполнети на ова поле – имајте во предвид дека за сега барем го покрива основното, а многумина го немаат ниту тоа.
Љубов: Добро е да се прашате дали ги земате здраво за готово работите на овој план – љубов постои, а вие како да не ја забележувате. Го игнорирате реалното, во корист на замисленото. Не?
Здравје: Незадоволството од развојот на работите може да ве парализира и направи неспособни да прифатите нови шанси. Фокусирајте се на позитивното и најдете време за одмор.

РАК

Работа: Оваа недела може да очекувате прекрасни новости кои ќе доведат до нови ангажмани – ќе бидете храбри, ентузијастички и решително ќе ги ставите работите во движење.
Љубов: Со транзитот на Венера во Бик би можеле да отпочнете нова интимна врска, а која ќе ја разбуди вашата виталност, креативност и плодност – со голем елан се препуштате на страстите.
Здравје: Секојдневно вашата општа состојба се подобрува – оваа недела е добро да отпочнете нов здравствен режим. Ако треба вежбајте барем по пет минути и внимавајте со што се храните.

ЛАВ

Работа: Во позиција сте кога треба да балансирате помеѓу повеќе спротивставени сили или да чекате на одлуки што треба да ги донесат други луѓе. Сепак, работите ќе одат во ваш прилог.
Љубов: Многу е веројатно дека вашите интимни врски влегуваат во една полесна фаза – сега и двајцата се третирате еднакво и животот е полесен. Обрнете внимание на внатрешната среќа!
Здравје: Доколку добро ги слушате своите емоции, ова може да биде прекрасен период – водете дневник, разговарајте со некој кому верувате и тоа ќе доведе до позитивна општа слика.

ДЕВИЦА

Работа: Петочното утро се среќавате со зголемени должности, па ќе треба да внимавате да не ги повторувате работите. Научете некоја нова вештина и откријте го талентот!
Љубов: Размислете зошто упорно избегнувате да се соочите со работите врз кои треба заеднички да поработите – барем направете го првиот чекор и видете дали и што ќе се промени.
Здравје: Сега навистина треба да обрнете поголемо внимание на своето здравје – може да изгорите од преголема работа. Затоа најдете време да побарате професионален лекарски совет.

ВАГА

Работа: Полната Месечина во вашиот знак ќе ве заведе со материјални и физички задоволства – сега имате опсесија со моќ и пари и сте вклештени во луксуз и изобилство. До кога?
Љубов: Можно е да имате чувство дека сте заглавени во некоја ситуација – доколку ова е случај, најдобро е да разговарате со саканите или да ја напуштите врската. Секогаш имате избор. Мир!
Здравје: Оваа недела ќе треба да внимавате на преголемиот напор – најверојатно веќе сте нервозни, преморени и збркани од многуте настани и промени околу вас. Занимавајте се со себе!

СКОРПИЈА

Работа: Со транзитот на Венера во Бик би можеле да дојдете во контакт со некоја женска личност, а која ќе ви биде од голема корист – можеби е помлада, а ви носи информации.
Љубов: Нова романтична занесеност и додворување со некоја личност со која споделувате исти интереси, желба за авантура и учење – обидете се, но само ако сте слободни – ве очекува радост!
Здравје: Сега ќе треба да направите напори да ја одржите добрата кондиција – почнете да вежбате, да се едуцирате за својата конституција, правилна исхрана и да се консолидирате така.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Вашите креативни проекти цветаат и ве очекува материјален просперитет, нова работа или промоција. Работното расположение е релативно пријатно и ве очекува успех!
Љубов: Оваа недела би можеле да налетате на некој од минатото, а што ќе ве израдува многу. Пред вас се славења, годишнини, родендени и свадби, како и друг вид на заеднички прослави.
Здравје: Ова е прекрасен период да размислите што ви е потребно за да го подобрите здравјето и кондицијата. Размислете добро и направете план за вежбање, одмор, како и соодветна диета.

ЈАРЕЦ

Работа: Полната Месечина во вам несклоната Вага може да ве направи неодлучни, тажни и може ќе сакате да се повлечете од општата слика. Пазете на можни измами во работата.
Љубов: На ова поле ќе треба да внимавате – можна занесеност со врска која што е детинеста и будалеста – ќе внимавате да не заборавите на реалноста и да не бидете заведени од фантазии.
Здравје: Се чини дека го фаќате последниот воз со кој ќе си ја поправите генералната ситуација – да, природните лекови дејствуваат, но ќе треба на време да реагирате и причекате на резултатот.

ВОДОЛИЈА

Работа: Се чини дека ретроградниот Јупитер и Меркур ги усложнуваат работите – би можеле да го напуштите проектот пред негово завршување, поради нетрпение и немање време.
Љубов: По малку сте разочарани бидејќи сфаќате дека ниедна личност не е совршена – доколку подолго време барате, а не наоѓате, прашајте се дали имате нереалистични очекувања за сега.
Здравје: Оваа недела е добро да се прашате како се третирате самите себе во однос на здравјето – сега ви се потребни прецизни, достижни и мали цели во таа насока. Вежбање и мир.

РИБИ

Работа: Ретроградните Меркур и Јупитер ги комплицираат работите и сега може да одлучите да го напуштите работното место, за некое подобро. Надворешни влијанија кон лошо.
Љубов: Сега ќе треба трезвено да размислите дали сегашната врска е добра за вас – комуникацијата е главен фактор во овој однос. За слободните е идеално време за излегување.
Здравје: Спротивставувањето на промените може да се одрази врз вашето здравје – избирајте ги своите битки и правете сѐ што можете да го одржите здравјето на оптимално ниво. Релаксација!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]