Детален неделен хороскоп


ОВЕН

Работа: Следнава работна недела би можеле да имате измешани чувства за некои луѓе и работи – ќе се соочите со нефер односи кои не треба да ги игнорирате. Разговарајте отворено.
Љубов: Меркур и Венера во вашиот знак ја зголемуваат динамиката, па би можело да дојде до некаков конфликт со саканите, а сѐ поради нагласената импулсивност. Бидете отворени со себе.
Здравје: Динамични и полни со сила, би можеле да доживеете своевиден стрес, особено ако не водите грижа за адекватен одмор. Бидете понежни со себе, а ако сте лути некому – разговарајте!

БИК

Работа: Би можеле да имате чувство дека повеќе губите отколку што добивате на ова поле, па не е лошо да разговарате со некој што минува низ истото. Оној што се двоуми, веќе е загубен.
Љубов: Со ретроградниот Јупитер може да бидете неодлучни – или е време да тргнете напред или е подобро да почекате. Не го барајте идеалниот партнер, тоа сега ќе е контрапродуктивно.
Здравје: Се соочувате со анксиозност – тоа не значи да ги занемарувате симптомите, туку да ја разберете поврзаноста на умот со телото. Обрнете поголемо внимание на спиритуалноста сега.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Јупитер ви носи шанси за средба со повозрасна и етаблирана личност, која ќе изврши големо влијание на ова поле. Покажете се во најдобро светло и тоа ќе е доволно сега.
Љубов: Можно е вашите сакани да имаат проблем на работното место – сега е добро да ги потсетите дека нивната вредност е далеку поголема од професионалниот профил. Поддршка.
Здравје: Ќе го подобрите своето здравје ако најдете начин да ги издувате своите негативни чувства – не си префрлајте ако не сте успеале во некоја дадена област. Секогаш ценете се себеси!

РАК

Работа: Се чини дека губите интерес за нешто што некогаш ви значело многу – можеби вашата работа веќе не ве исполнува или ви е здодевно? Сменете нешто или напуштете ја сосема.
Љубов: Можеби мислите дека вашата врска е при крај, а доколку е така не чекајте повеќе туку разговарајте. Обидете се да не отпочнете нешто набрзо, туку дајте си малку простор и време.
Здравје: Сега стресот би можел да ви предизвика некакви проблеми – најважно е да обрнете внимание на адекватната диета, вежбање и време за сон кој ќе ја обнови вашата сила. Одмор.

ЛАВ

Работа: Со транзитот на Марс во Јарец би можеле да се соочите со непријатни чувства во однос на некој со кој што соработувате. Не паничете, ова е само моментална фаза и верувајте си!
Љубов: Ова поле укажува на некаква дестабилизација или лажни ветувања и предвремени обврски. Лаги, конфликти и загуби. Сега е најдобро да простите, заборавите и почнете од ново.
Здравје: Ако се соочувате со некој здравствен проблем, сега ќе е добро да им дозволите на блиските да ви помогнат – поради некоја причина ви е тешко да побарате помош – нема зошто!

ДЕВИЦА

Работа: Се соочувате со ризик да преземете поголема одговорност отколку што можете да носите – прашајте ги претпоставените што е приоритет сега и посветете му се на тоа.
Љубов: Месечината во Риби укажува на тоа дека вашите сакани би можеле да се соочуваат со некакви тешкотии, а за кои им е потребна ваша поддршка. Обрнете им внимание на врските.
Здравје: Сега сте под сериозен стрес, но можете да си помогнете. Пред сѐ, смирете се, потоа најдете соодветно време за одмор и сон и размислете за воведување на додатоци во исхраната.

ВАГА

Работа: Со планетите во Овен и Јарец се здобивате со вештини со кои ќе ги реализирате вашите идеи и планови и добро ќе се справите со потенцијалните проблеми. Можна промоција.
Љубов: Венера и Меркур во Овен ви отвораат можност за запознавање на некоја сосема нова личност – постои некој кој ве бара страсно, како што барате и самите вие. Длабока среќа.
Здравје: Доколку бевте болни до сега, знајте дека работите се менуваат – ако се борите со некоја стара болка, побарајте алтернативна терапија која ќе ја врати вашата сила – масажа!

СКОРПИЈА

Работа: Оваа недела ќе е многу важно да најдете време, внимание и потребни информации кои ќе ги споделите со своите колеги. Не се занесувајте со материјалниот комфор.
Љубов: Младата Месечина во Риби ќе ве доведе до ситуации каде што ќе треба да се отворите малце повеќе. Да, добро е да сте самостојни, но не се отуѓувајте од потенцијалните партнери.
Здравје: Сега ќе треба да сте поотворени кога станува збор за здравјето – добро е да сфатите дека исцелувањето и лекувањето не се нужно синоними. Завртете се околу себе – дишете за миг.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Со планетите во вам склониот Овен ќе успеете да завршите огромна работа, за кратко време. Некоја женска личност може да ви помогне да најдете нов работен ангажман.
Љубов: Сега не сте расположени да бидете сами, па добро е да излегувате и да се дружите, а универзумот ќе ви ја донесе потребната љубов, внимание и грижа. Верувајте си себе си. Надеж.
Здравје: Вашето ниво на виталност и сила е добро, но сепак најдете време за одмор и сон. Некои од вас размислуваат за деца и формирање на семејство, а што е многу веројатно сега.

ЈАРЕЦ

Работа: Би можеле да соработувате со помлада женска личност, а која ќе ви биде од голема помош. Доколку чекате вести на ова поле, Младата Месечина во Риби ќе ви ги открие.
Љубов: Постои шанса да запознаете нова личност со која ќе имате многу заеднички работи – обидете се да се дружите со овој авантуристички профил, но само ако сте слободни моментов.
Здравје: Ќе треба да направите мал напор за да го постигнете оптималното здравје – дали ви се потребни повеќе вежби? Дали ви е потребна нутриционистичка едукација? Побарајте нов метод.

ВОДОЛИЈА

Работа: Ретроградниот Јупитер укажува на тоа дека треба да сте поотворени на ова поле – не бидете фокусирани само на себе, сега тоа ќе е грешка. Бидете колегијални и отворени.
Љубов: Токму кога мислиме дека нема поотворена личност од нас, се случува нешто кое нѐ уверува во спротивното – не очекувајте да ви се даде, туку вие давајте повеќе! Не се залажувајте.
Здравје: Треба добро да проверите дали лековите што ги земате ја вршат својата работа. Ќе ја подобрите кондицијата доколку преземете попозитивен став и му се препуштите на животот.

РИБИ

Работа: Младата Месечина во вашиот знак ве дарува со бестрашност, имагинација, отворен ум и авантура. Нови работни понуди и идеи, како и промоција. Отпочнување бизнис.
Љубов: Се чувствувате слободно и не баш спремни за врска, барем не сѐ уште. Ова е време за забава, каде што допрва ќе одлучите што сакате да правите. Гледајте околу себе – имате време!
Здравје: Сега ќе внимавате на ситни незгоди, како и можна занесеност и дефокусираност. Не ризикувајте во ништо. Ќе ги пронајдете соодветните луѓе кои ќе ја подобрат вашата општа слика.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]