Детален неделен хороскоп


ОВЕН

Работа: Професионалните ангажмани се движат во посакувана насока и доаѓате до резултати побрзо од очекуваното. Треба да сте задоволни од своите постигнувања и успеси.
Љубов: Месечината која се гаси, а минува низ Стрелец ќе ви донесе убави можности да минете со саканите. За слободните постои голема можност да се сретнат со некоја возбудлива личност.
Здравје: Сега сте во добра физичка кондиција, а доколку очекувате резултати за направените анализи, тие треба да ви одат во прилог. Генерално ќе се чувствувате подобро секој ден.

БИК

Работа: Со транзитот на Венера во Водолија ќе имате шанси да се сретнете со некоја женска личност која ќе ви биде од голема помош. Ќе ја препознаете по нејзината мека природа.
Љубов: Вашите шанси на ова поле неделава укажуваат на позитивни пресврти. Ако сте сѐ уште сами не ќе биде лошо да излезете и да прошетате, при што ќе запознаете атрактивни личности.
Здравје: Сега е добро време да си посветите на нега и разубавување, но и дружење со жените во вашата околина. Доколку сте лути некому, простете и на тој начин повратете си го мирот.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Решителни и амбициозни ќе напредувате само преку храбра акција. Поддржани од Марс во Стрелец храбро господарите со спротивставените енергии на ова поле.
Љубов: Можеби имате чувство дека некој ве турка да работите побрзо или самите сте нетрпеливи, па може да правите грешки во чекори. Најдобро е да комуницирате отворено за сѐ.
Здравје: Вашата виталност е во подем и имате сила да се носите со повеќе работи. Затоа ова е добар период да си зададете дисциплина и отпочнете вежби за фитнес, со брзи резултати.

РАК

Работа: Имајте в предвид дека за сега треба да ги избалансирате работните и приватните ангажмани. Не го ставајте едното пред другото, затоа што може лесно да изгубите баланс.
Љубов: Некои од вас се прашуваат што треба да прават со својата интимна врска и дали е добро секој да си појде на своја страна. Најважно е да ви е сосема јасно што сакате на ова поле и себе.
Здравје: Сега е поважно од било кога да сте умерени во сѐ, бидејќи тоа е основа за доброто здравје и кондиција. Прашајте се со што сте претерале и усогласете се со себе во најдобар ред.

ЛАВ
Работа: Добро е што целите високо, но не се разочарувајте ако колегите не можат да ви помогнат во сѐ. Работете ја својата работа со трпение и мудро и резултатите нема да изостанат.
Љубов: За да имате мир во своите интимни врски, најважно е прво да сте во мир со самите себе. Доколку сте згрешиле нешто во минатото, простете си и со леснотија продолжете напред.
Здравје: На ова поле дефинитивно ви е потребна умереност, па запрашајте се дали се храните добро, дали спиете доволно и дали вежбате соодветно? Усогласете се со потребите на телото.

ДЕВИЦА

Работа: На ова поле се соочувате со потреба да преземете некаков ризик, но мора да внимавате да не бидете целосно разоткриени. Фокусирајте се на двете најважни работи за сега.
Љубов: Се чини дека тешко доаѓате до време кое би го минале заедно со саканите, а како и тие самите да не можат да се снајдат во тоа. Направете ја својата романса приоритет и ќе победите.
Здравје: Соочени со големи приватни и професионални должности, мора да најдете време за себе и своето здравје – одмор, релаксација и исцелување. Не се ставајте на последно место.

ВАГА

Работа: Можно е самите да се бојкотирате на ова поле, мислејќи дека работите треба да се сменат само затоа што вие мислите така. Нефер и нечесни игри. Внимавајте што зборувате.
Љубов: Би можеле лесно да дојдете до некаков конфликт, особено ако правите брзи реакции. Смирете се и внимателно размислете што тоа сакате во својата врска. Бидете искрени за двајца.
Здравје: Планетите во Јарец ви се несклони и веројатно сте под стрес од повеќе причини. Сега е многу важно да бидете нежни со себе, да престанете да се грижите и да се лутите. Релаксација.

СКОРПИЈА

Работа: Се чини дека претпоставените се во ваша близина и тивко следат што тоа работите. Покажете се во најдобро светло и не се препуштајте во професионалните политики.
Љубов: Бидете свесни дека за сега довербата ќе е најважна. Доколку се сомневате во нешто, најдобро ќе биде да најдете начин тоа да го артикулирате. Немојте да сте пасивно агресивни.
Здравје: Не верувајте на сѐ од прва рака, туку веднаш барајте второ мислење, особено ако е потребен посериозен потфат. Бидете отворени за алтернативни решенија и помогнете си сами.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Би можеле да најдете некаков учител или ментор кој ќе ви биде од голема помош сега. Ова е одличен период да се инволвирате и помагате во групи кои работат за иста цел.
Љубов: Љубовната арена е активна и романсата оди во нагорна линија. Можеби малку потрадиционално отколку што сакате, но секогаш има време за експериментирање. Обидете се.
Здравје: Добро е да си направите некаков ритуал кој ќе ви помогне на дневно ниво. Поставете си дисциплина, ред и посветување во некој спорт или било што кое ќе направи да ви е пријатно.

ЈАРЕЦ

Работа: Се чини дека уживате во совршена хармонија на повеќе полиња. Зрачите со радост и задоволство, а финансиите имаат тенденција да одат во нагорна линија. Удобност.
Љубов: Вистинска љубов, балансирано партнерство и договор со љубените е на вашето мени оваа недела. Сега може да се релаксирате и да уживате во вистинска и потенцијална романса.
Здравје: Се чини дека вашиот позитивен став ве вади од сите незгодни ситуации. Доколку е потребно, најдете специјалист со кој ќе ги направите потребните консултации. Добро здравје.

ВОДОЛИЈА

Работа: Со Сонцето, Меркур и Венера во вашиот знак ќе сретнете повеќе шанси за напредување на ова поле. Не бидете егоцентрични, туку пофалете ги и колегите за завршеното.
Љубов: Емотивно исполнети и духовно будни, сега ви е потребно поголемо време и простор за себе, а истото направете го и за саканите. За осамените планетите укажуваат на многу средби.
Здравје: Во најдобро расположение, би сакале да земете одмор и едноставно да уживате во животот. Што има подобро од тоа? Откријте што ви чини добро и повторете го три пати на ден.

РИБИ

Работа: Се чини дека ништо не се случува и вам ви е веќе смачено од тоа. Сепак, работите ќе се менуваат, но по сопствено темпо. До тогаш, прашајте се што е најдобро да направите вие.
Љубов: Љубовното поле укажува на тоа дека некои работи треба да ги пуштите да останат во минатото, а со тоа ќе се отворат можности некоја нова личност да влезе во вашиот живот.
Здравје: Ако досега се соочувавте со некој здравствен проблем, сега би можеле да го смените мислењето околу тоа. Истражувајте и не прифаќајте сѐ од прва рака што ќе ви кажат докторите.

Ирена Танчева

[email protected]