Детален неделен хороскоп
ОВЕН
Работа: Со директното движење на Меркур имате шанса да дојдете до нов работен ангажман, но ќе биде добро да си го држите егото под контрола со оние со кои ќе работите.
Љубов: Венера во Близнаци ве поддржува вас и саканите да си дадете повеќе простор и време за своите лични активности. Убав период во кој ќе уживате, особено ако излегувате почесто.
Здравје: Оваа недела вашата виталност е во добра кондиција и речиси да не може да се пожалите на ништо, освен на тоа што динамиката на животот е нешто побавна од саканото.
Работа: Можно е да се соочите со некаков губиток во врска со вашата работа, а за што треба да разговарате со некој кому верувате. Побарајте совет од другите кои минале низ исто.
Љубов: Ретроградниот Јупитер укажува на одредена доза на несигурност која се провлекува некое време – или се плашите да продолжите или времето не е погодно за тоа. Излегувајте.
Здравје: Се соочувате со своевидна анксиозност, а за што е потребно да ја сфатите поврзаноста на умот со телото – смирете го умот и внимавајте на неговата содржина – така ќе дојдете до мир.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Со Венера во својот знак доаѓате во прв план и сега може да дојдете до позиција подобра од посакуваната. Успешно завршени проекти и признанија. Сега сте ценети.
Љубов: Во долгите врски романсата добива на квалитет и одеднаш сте повторно вљубени, блиски и посреќни од било кога до сега. Слободните имаат шанса да го најдат својот сон на јаве.
Здравје: Ако ве загрижува здравјето, ослободете се малку, работите не се такви како што вие мислите т.е. се плашите. Во вас има голема духовна сила која ќе ви помогне да минете низ сѐ.
РАК
Работа: Со планетите во Јарец се соочувате со успех и добивки, но кои ќе ве поттикнат да направите неразумни ризици. Внимавајте да не преземете поголем товар од сегашниот. Сила.
Љубов: Сега вашите сакани имаат потреба од ваша помош, грижа и поддршка – треба да ги отворите картите и да разговарате за сѐ отворено – не се преправајте дека нема проблеми.
Здравје: Веќе некое време сте под своевиден стрес и пред сѐ треба да најдете начин да се смирите. Второ, најдете доволно време за сон и одмор, па размислете за додатоци во храната.
ЛАВ
Работа: Планетарната слика укажува на тоа дека сега треба да размислувате надвор од вообичаените рамки – работите се движат бавно, но сепак се движат. Средба со важна личност.
Љубов: Вашиот немир се одразува и на личните врски – смирете се малце и договорете се што сакате. Сите желби ќе ви бидат исполнети, дајте им малце време и излегувајте почесто – забава.
Здравје: Имате чувство како да седите во место, а светот веќе го достигнал својот врв – имајте трпение и не се нервирајте непотребно, затоа што така ќе си направите дополнителен стрес.
ДЕВИЦА
Работа: Се чини дека пред вас се отвораат можности кои како да не ги забележувате – размислете што е најдобро да направите за сега и како да ја постигнете идеалната ситуација.
Љубов: Интимните врски ќе се во подбра фаза, иако можете да направите уште нешто за да го подобрите квалитетот на љубовта. Отворете се, бидејќи пред вас е убав период за романса.
Здравје: Верувајте му на своето тело и мудрост – работите се чини дека идат во нагорна линија, а ако чекате резултати, информациите треба да бидат поволни. Радувајте се и дружете повеќе.
ВАГА
Работа: Повеќе фактори чинат да сте незадоволни од сегашната работа, колеги и услови, но не паничете, ова е фаза која ќе мине. Ако треба да менувате место, верувајте на интуицијата.
Љубов: Сега како да не сте многу засегнати за романтичните врски – ако постојат проблеми, ова е време да се прости, заборави и продолжи понатаму. Почнете од ново и со поголема верба.
Здравје: Можно е да ви е потребна грижа оваа недела, но дали ќе дозволите некој да ви помогне? Не бидете скептични, имајте позитивен став кој е важен фактор за доброто здравје
СКОРПИЈА
Работа: Повеќе ретроградни планети укажуваат на тоа дека одбивате да преземете поголеми одговорности – за да продолжите напред треба да имате доволно резерви на сила.
Љубов: Сонцето во Бик ќе ви открие многу работи – сега е добро да ги спуштите картите и отворено да проговорите за постоечките проблеми. Нешто стои меѓу вас што треба да се открие
Здравје: Прво прашајте се дали сте под стрес, дали се форсирате премногу и дали наоѓате доволно време за одмор. Потоа видете дали има потреба да трчате по упати и доктори. Одмор.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Ова е важно време кога треба да сфатите дека работите кои се чинат трајни, во денешниот свет се менуваат брзо. Размислувајте за повеќе опции и не се ограничувајте на една.
Љубов: Во долгите врски може да дојде до заситување и чувство дека сте заглавени привремено. Разговарајте за да ги расчистите овие нејаснотии и да ја зачувате својата љубов.
Здравје: Потенцијален стрес бидејќи сте преработени, преуморни и дури стаписани – опкружете се себеси со позитивни луѓе и пријатели, кои ќе ви помогнат да го минете ова време.
ЈАРЕЦ
Работа: Со транзитот на Месечината во својот знак сфаќате дека сега не е време да си играте осамен волк – внимавајте на самодисциплината и контролата, не се распрснувајте многу!
Љубов: Оваа недела е добро да се прашате кој колку вложува во вашата интимна врска и имајте во предвид дека и двајцата може да размислувате сосема различно. Бидете трпеливи и чекајте.
Здравје: Потребен ви е баланс и усогласување со себе и своето тело за да имате здрав живот. Може се соочувате со предизвици, но треба да најдете време за релаксација. Сменете го стилот.
ВОДОЛИЈА
Работа: Со ретроградниот Јупитер би можеле да се соочите со емоционални изливи на работното место – сепак ова може да смени сѐ, ако сте доволно зрели умно да резимирате.
Љубов: Сега сте спремни да пуштите сѐ и да ѝ се предадете на потрагата по среќа и љубов. Ако сте слободни, отворете се, заборавете на несигурноста и сигурно ќе дојдете до убави пријатели.
Здравје: Ако имате сериозни дијагнози, ова не е време за експериментирање, туку за конвенционална медицина. Сепак добро е да им верувате на дадените консултации и доктори.
РИБИ
Работа: Сонцето во Бик ви дава прекрасни идеи за вашата работа, но вие сте малце неодлучни и се плашите дали да ги споделите. Направете го тоа, може да ви се исплати многу!
Љубов: Сега сакате и љубов и слобода – што сакате повеќе? Таквиот став може да пречи во долгите врски, а доколку сте слободни, не бидете будалести, туку отворете се за љубов и забава
Здравје: Фокусирајте го своето внимание бидејќи сте по малце расеани, а што може да доведе до некаква повреда. Размислете за различни модалитети на лекување, како и за друг доктор.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ