Детален неделен хороскоп


ОВЕН

Работа: Оваа недела ќе ги средувате финансиите, со тоа што ќе се фокусирате на она што го имате, наместо на она што го немате. Немојте да сте нетрпеливи и незадоволни од работата.

Љубов: Кога станува збор за љубовниот живот, добро е да се прашате дали има некоја посебна личност во вашиот живот која ви ги буди пеперутките во стомакот или само гледате во празно.

Здравје: Доколку имате некаков физички проблем, сетете се дека сето тоа може да се смени, ако само се одлучите да најдете соодветен специјалист кој ќе ви ја даде потребната грижа.

БИК

Работа: За вас викендот започнува со надеж и очекување на позитивни разврски на професионалното поле. Сега имате опции и понуди, а промените ќе имаат позитивна страна.
Љубов: Можна е средба со помлада личност со која може да уживате наголемо. Запаметете дека љубовта не знае за години, па дозволете си да се дружите и препуштете ѝ се на забавата.
Здравје: Со стелиумот во Водолија добро е да се запрашате што ви кажува вашето тело. Слушнете го со големо сочувство и грижа. Дали можеби сте презеле преголеми обврски?

БЛИЗНАЦИ

Работа: Повозрасна и етаблирана личност игра важна улога во вашата работна средина. Ова е мудра и фер личност, но која може да носи брзи заклучоци. Бидете спремни.
Љубов: Со Марс во Стрелец е можно да се појави некој што буквално ќе ве турне на нозе. На оваа личност ѝ се допаѓате токму какви што сте. Бидете чесни и сѐ ќе заврши во најдобар ред.
Здравје: Можете да ја подобрите својата здравствена ситуација доколку се соочите со негативните чувства и си овозможите одмор за душата. Што е тоа што ви смета и што ви треба?

РАК

Работа: Оваа недела може да се соочите со мешани чувства и активности на работното место. Заткулисни игри и нечесност, на сметка на туѓата болка. Внимавајте како зборувате.
Љубов: Имате чувство дека работите не се одвиваат онака како што би сакале на ова поле, па можни се конфликти. Размислете смирено и бидете отворени и реални со себе и со љубените.
Здравје: Транзитот на Марс низ Стрелец укажува на тоа дека би можеле да сте под стрес поради повеќе фактори, па добро ќе биде да сте понежни со себе. Најдете време за потребен одмор.

ЛАВ

Работа: Започнатите проекти добиваат свој лик и форма и може да сте изненадени на позитивниот прием кај другите. Добар период за промоција, преговарање и успешен договор.
Љубов: За оние што веќе се во врска, ова треба да е прекрасен период за минување со љубените. Сега имате самодоверба и ако сте сами, појдете на дружба и забава со пријателите.
Здравје: Вашето здравје и виталност треба да се во подем сега. Одличен период за менување на лошите навики и воспоставување на дисциплина. Обидете се да најдете време за пешачење.

ДЕВИЦА

Работа: Викендот Месечината минува низ вашиот знак, а која може да ви донесе средба со помлада женска личност која ќе ви се најде на работното место. Унапредување.
Љубов: Викендов ќе има многу пораки и случувања во интимната арена. Авантура со некоја нова личност или завршување на долгогодишната романса во која сте несреќни некое време.
Здравје: Месечината укажува дека е добро да преземете некои чекори за да ја подобрите физичката кондиција. Погрижете се да се храните добро и најдете време за вежби и одмор.

ВАГА

Работа: Тоа што сте премногу загрижени за работата нема да ви помогне многу. Фокусирајте се на она што можете да го контролирате и оставете ја анксиозноста на страна.
Љубов: Доколку се сомневате дека нешто се одвива зад вашиот грб и дека романсата не е на здрави основи, многу веројатно е дека сте во право. Разговарајте директно со љубените.
Здравје: Ако земате лекови на своја рака, претерувате во алкохолот и цигарите, можно е да се соочите со реален стрес. Намалете го ризичното однесување и сменете го животниот стил.

СКОРПИЈА

Работа: Отпочнатите проекти се развиваат под влијание на бенефикот Јупитер, дури и побрзо од очекуваното. Сега сте задоволни и горди од сработеното и очекувате нови проекти.
Љубов: Доколку сте сами, би можеле да сретнете некој што ќе ви го одземе здивот со еден поглед. Оние што се во врска ги очекуваат свршувачки, свадби и нови информации на ова поле.
Здравје: Оние од вас што чекаат резултати од отпочнатите анализи, може да се опуштат бидејќи информациите ќе им одат во прилог. Сепак, добро е да најдете време за релаксација.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Доколку барате работа или нова позиција, се чини дека сега ќе најдете нешто далеку подобро од планираното. Задоволство и чест поради завршување на важен ангажман.
Љубов: Марс во вашиот знак ви дава поголем оптимизам и елан за дружење со своите сакани. Повторно ќе се зближите и ќе бидете среќни и задоволни, многу повеќе од кога било. Радост.
Здравје: Доколку сте загрижени за своето здравје, сега е време да се опуштите бидејќи најверојатно претерувате во стравувањето. Имате силна духовна сила да се издигнете над сѐ.

ЈАРЕЦ

Работа: Се соочувате со нереални очекувања на ова поле. Добро е да внимавате каде ја инвестирате својата енергија и средства. Имате повеќе опции, но изберете ги оние креативните.
Љубов: Вашето внимание е распрскано на повеќе страни што се однесува до вашиот љубовен живот. Добро е да знаете што сакате од својата врска и бидете јасни и чесни со сите засегнати.
Здравје: Доколку чувствувате некои симптоми или фантомски болки, имајте предвид дека тоа се случува бидејќи губите чувство со реалноста. Најдете начин да се приземните. Патувајте.

ВОДОЛИЈА

Работа: Оваа недела ќе сте во можност да завршите голема работа, а во краток рок. Доколку барате работа, има шанси да ви помогне женска личност која има големо влијание.
Љубов: Што се однесува до романсата, со Меркур во вашиот знак ќе имате шанси да се дружите со помлади личности, а Венера ќе ве поддржи со необичен шарм, желба за дружење и забава.
Здравје: Сонцето во вашиот знак ја потенцира виталноста, добрата кондиција и генералното задоволство. Најдете време за читање, релаксација, истражување и нови искуства. Интуиција.

РИБИ

Работа: Можеби вашата работа не ви се допаѓа, но бидете чесни и признајте си дека барем го покрива основното засега. Некои луѓе го немаат ни тоа, така што бидете благодарни.
Љубов: Се чини дека ни самите не знаете што сакате од љубовната врска. Дали го давате своето срце каде што не е сакано или на некој што не е достапен? Бидете реални, што ви е потребно?
Здравје: Добро ќе биде да престанете да се самосожалувате. Најдете начин да сте постојани и приземјени во сегашниот момент. Водете дневник благодарејќи ѝ на својата добра судбина.

Ирена Танчева

[email protected]