Даниел Пиљаковски го пријави во полиција случајот со поезијата


Даниел Пиљаковски од Ресен, момчето чиешто име беше злоупотребено на Конкурсот на Агенцијата за млади и спорт, целиот случајт утринава го пријави во полиција.

– Утринава пријавив во полиција се. Јас не сум автор на тие песни и злоупотребен сум во случајов од Александар Блажевски. Ќе се разгледува каков потпис имало на апликацијата во Конкурсот кадешто стои моето име, бидејќи јас немам ништо потпишано, а можеби потписот ми е и фалсификуван – изјави Даниел за „Независен весник“.

И.Настеска

Поврзани вести: