Годишен хороскоп за 2018
ОВЕН: Работа: Доколку успеете да ја надвладеете вродената импулсивност, оваа година би можела да биде мошне зрела и продуктивна за вас. Нови одговорности и зрелост.
Љубов: Сега ќе знаете што сакате од вашата врска и доколку не сте задоволни во старата, лесно би можеле да отпочнете нова. Страсни врски ќе има, но не се залетувајте премногу. Промени.
Здравје: Во новата година влегувате со добра кондиција и генерално здравјето би требало да ве служи добро. Обидете се да ја смирите динамиката на животот и не брзајте никаде.
БИК: Работа: Во однос на работата ќе имате поддршка од неколку планети, па сега би можеле да се зафатите со некој проект за кој сонувате одамна. Стабилен приход и раздолжување.
Љубов: Иако ова поле ќе е полно со случувања, сепак ќе бидете далеку посмирени од минатата година. Поволни шанси за пронаоѓање на совршениот партнер. Сензуалност.
Здравје: Оваа година ќе сте со постабилна кондиција и доколку се јават некакви здравствени проблеми, се сугерира да најдете време за одмор и релаксација, јога и медитација. Отпорност.
БЛИЗНАЦИ: Работа: Весели и разиграни, сега ќе најдете начин да ги решите минатогодишните проблеми и да завршите сѐ што е веќе отпочнато. Прогрес во кариерата и финансиски подем.
Љубов: Сега би можеле да се обидете со нешто ново бидејќи ќе наидувате на нови и интересни личности со кои ќе имате многу заеднички теми. Многу страст, задоволства, но и промени.
Здравје: Во новата година влегувате екстра динамични и со високо ниво на енергија, па не е лошо да најдете начин за да ја потрошите конструктивно. Сепак, наоѓајте време за одмор.
РАК: Работа: Се соочувате со нешто посериозни услови од минатите години, па ќе треба да правите чести консултации со колегите и авторитетите кои ќе ги разјаснат вашите дилеми.
Љубов: Доколку успеете да излезете од својата сигурна зона, оваа година би можела да ве дари со многу поволни и интересни шанси за љубов и романса. Комуникацијата е најважна сега.
Здравје: Оваа година ќе ви биде потребна постабилна рутина за да го задржите здравјето и кондицијата во оптимална состојба. Внимавајте на диетата и не претерувајте во ништо.
ЛАВ: Работа: Оваа година укажува дека ќе има непредвидливи промени, но сепак ќе има шанси за напредување. Доколку се организирате и внимавате, ќе успеете да ги вратите долговите.
Љубов: На ова поле ве очекува динамична година, како и огномет на страсти. Комуникацијата со партнерите е најважна, како и дружењето со вашите пријатели и деца. Компромиси.
Здравје: Ова е година кога ќе треба да обрнете внимание на диетата и да најдете време за соодветна физичка активност, па на тој начин го подигнете својот дух. Престој во природа.
ДЕВИЦА: Работа: Многу потешкотии ќе останат во минатото и би можеле да напредувате во професионална и финансиска смисла, особено ако го збогатите своето знаење во некоја област.
Љубов: Сѐ се менува кон подобро и ќе имате многу шанси за романтични средби, како и дружење со пријателите. Разговарајте со своите сакани и најдете време за своето семејство.
Здравје: Оваа година ќе имате поголема енергија да се справите со секојдневието, па ќе биде добро да не претерате и да најдете време за да се одморите соодветно и да се опуштите.
ВАГА: Работа: Следната година се соочувате со поголеми одговорности, но и позитивни пресврти, особено ако ги искористите своите таленти и размислувате креативно за бизнисот.
Љубов: Сега ќе сакате да минувате повеќе време со своите партнери и сте спремни за поголемо заемно разбирање. Разговарајте за романтичните потреби и проширете ги своите хоризонти.
Здравје: Доколку најдете време за соодветен одмор, ова би можела да биде сосема солидна година во однос на вашето здравје. Ќе имате супер енергија ако внимавате на својата диета.
СКОРПИЈА: Работа: Ова е година во ќе е добро да ги искористите сите шанси што ќе ви се понудат. Обидете се со нешто ново, кое ќе ве однесе далеку во професионалната сфера.
Љубов: Бидејќи вашите емоции се нагласени сега, добро ќе биде да ги вербализирате и кажете јасно што сакате. Ова не е време за потиснување, напротив, туку за споделување со саканите.
Здравје: Ова е годината кога ќе имате најдобра ментална и физичка кондиција и иако ќе бидете отпорни, добро ќе биде да го намалите стресот со правилна исхрана периоди за рекреација.
СТРЕЛЕЦ: Работа: Оваа година ќе може да здивнете малце, да се фокусирате на една цел, па дури и да размислувате за работа во странство. Разговарајте со авторитетите за вашите идеи.
Љубов: Во текот на оваа година добивате на зрелост, па ќе може да ги споделите своите емоции со саканите на едно поинакво ниво. Дајте му предност на својот партнер и разгорете ја страста.
Здравје: Во новата година влегувате со одлично здравје и полни со енергија, која ќе биде најдобро да ја потрошите на саканиот спорт или хоби. Појдете на одмор и хранете се добро.
ЈАРЕЦ: Работа: Вредни и сериозни, сега ќе се соочите со повеќекратни шанси за напредување, па дури и кога ќе се соочите со одолговлекувања. Споделете ја со светот својата креативност.
Љубов: Скромни и едноставни, сега им приоѓате на саканите на реален начин. Бидете директни и кажете има на саканите што очекувате од нив. Ќе имате голем успех на љубовното поле.
Здравје: Иако ќе имате добра енергија и виталност, сепак сега е од есенцијално значење да ја канализирате добро својата сила. Не претерувајте во ништо и воведете си строга диета.
ВОДОЛИЈА: Работа: Ова ќе биде година на промени, која ќе бара балансиран пристап кон работите. Би можеле често да патувате, а се сугерира да ги споделите своите уникатни идеи.
Љубов: Отворете се кон своите сакани и направете ги потребните компромиси што ќе направат повторно да се зближите со љубените. Ќе се појават многу шанси за спонтани врски и романси.
Здравје: За да го одржите нивото на својата енергија, ќе треба да се погрижите за соодветна диета, но и време за вежбање. Избегнувајте ја мрсната храна, особено кога ќе бидете под стрес.
РИБИ: Работа: Сета енергија што ја вложивте минатите години, сега ќе почне да ви се исплаќа. Ќе има добри услови за напредување – фокусирајте се на еден проект и внимавајте на деталите.
Љубов: Многу состојби ќе бараат да бидат разрешени и ова ќе е идеална година за тоа. Сакате сѐ и не знаете што попрво. Потребни се приспособувања, како и искреност со љубените.
Здравје: Ангажирани на повеќе полиња, најдете време за периодични одмори, како и свежа храна за да ги избегнете можните нервозни испади и стресови. Спанковци, наспијте се добро!
Пишува: Ирена Танчева