Годинава шест милиони кинески туристи ја посетиле Европа
Бројот на кинеските туристи во Европа се зголемил во 2017 година, а се очекува дека ќе продолжи да расте и оваа година. Во 2017 година повеќе од шест милиони кинески граѓани ги посетиле европските земји.
Се повеќе луѓе се наклонети на персонално патничко искуство и покажуваат повеќе интерес за традиционалната европска архитектура и музеите, покажа извештајот објавен од кинеската Туристичка академија и големата кинеска интернет патничка агенција „Ц-трип“.
– Бројот на кинеските туристи во Европа се зголемил за 65 проценти во првата половина на 2017 година, а нивниот избор на европски патнички дестинации е разновиден, изјави во неделата Даи Бин, прв човек на Академијата.
Според статистиките податоци на агенцијата „Ц-трип“, по Азија, Европа станала втора најпопуларна дестинација за Кинезите кои патуваат во странство. Бројот на кинеските туристи кои резервирале пат во Европа преку нивната платформа пораснал за 26,3 отсто во споредба со 2016 година, додека потрошувачката по лице во текот на патувањата на годишно ниво се зголемила за 36 проценти.