ВМРО-ДПМНЕ: Планот 3-6-9 е клинички мртов


 

Планот 3-6-9 е клинички мртов. Затоа СДСМ после едно соопштение сфатија дека ја утнале, па испратија корекција во која си дадоа нов рок, соопштија од ВМРО – ДПМНЕ.

„СДСМ ветуваше реформи во правосудството, во безбедносните служби и во администрацијата, но останаа само празните зборови. Нема 100.000 денари плати за лекарите и 30.000 денари просечна плата. Нема нови 500 километри автопат, а не можат да ги завршат ни започнатите.
Нема враќање ниту на 600.000 иселени од Македонија. Неуспесите не се покриваат со соопштение дека се задоволни од реформите, кога граѓаните се посилно го чувствуваат назадувањето“, се вели во соопштението.

Според ВМРО – ДПМНЕ, „единствен успех Заев има врз ставањето на судот под сопствена контрола и подредена положба со што го уништи неговиот углед и ја сруши доверба кај граѓаните“.