Владо Јаневски со нова балада: „Откако си негова“ бара зрела убавица како Вера Мештеровиќ


Мис на Македонија за 1996 година Вера Мештеровиќ ја игра главната улога во спотот на новата песна на Владо Јаневски „Откако си негова“ што беше промовирана денес во Скопје, а е во режија на Дарио Јанковиќ.

Промоцијата воедно беше и прес-конференција за претстојниот концерт на Јаневски на 16 март во ВИП Арената „Борис Трајковски“ , во организација на „Прагма продукција“ со кој ќе слави 25 години кариера на поп-сцената.

Поради влошено здравје, лани беше одложен концертот на Владо Јаневски на 1 јуни на стадионот на АРМ во Скопје.

Авион како Вера Мешетровиќ која и на 39 години изгледа преубаво како на почетокот на кариерата, со природна убавина и импозантна висина од над 180 см, во некои кадри од спотот позира покрај вистински авиони во околината на Скопје. Како урбан лик која ја промовираше македонската убавина на изборите на убавина низ светот, се уште е ангажирана од македонски и од странски брендови за убавина и горда мајка е на две деца.

Вера ни откри дека на истиот датум во Скопје ќе го води и традиционалниот Виенски бал кој годинава одбележува јубилеј. Минатиот месец на „Златна бубамара на популарноста“ ја освои наградаат најпопуларен македонски модел, која како категорија прв пат годинава е воведена.

-Ми беше чест да глумам во спот на Владо Јаневски, во една силна балада, која ќе има и хрватска верзија, изјави денес на промоцијата Мештеровиќ.

За  прв пат се појави на сцената на седум години, во МРТ, а со реклами и ревии започнала на 12 години. Над 25 години трае нејзината модно – сценска приказна.

-Убавината е одговорност, според мене, и не е секогаш лесно. Точно е дека ги отвора вратите на успехот во животот. Но, квалитетите, моралните вредности, човечноста, упорноста, истрајноста, харизмата кои ги поседуваме и надоградуваме, токму тие не издигнуваат на едно уште повисоко ниво, вели Вера.

– Силниот текст на песната бараше зрела убавина која ќе ја доловија емоцијата на стиховите, и затоа изборот на режисерот Дарио падна на Вера Мештеровиќ, беше искрена поп-ѕвездата.

На концертот во ВИП арената ќе бидат изведени над 30 хитови на Јаневски со стандардниот бенд.

– Јас не сум шоумен. Повеќе ќе пеам отколку што ќе зборувам. Без да планирам, испаѓа на секои 4 години да организирам концерт. Немам ништо против колегите од регионот кои ги полнат салите, ама убаво е на голем концерт да прозвучи и македонскиот јазик. Јас сум еден од ретките македонски пејачи кои не се плашат да наполнат сала како ВИП арената „Борис Трајковски“, рече денес Владо.

 

„Кроација рекордс“ ме натера да се појавам во спотот

 

По долго време Јаневски се појавува во свој спот. Неговите омилени костуми ги замени за поспортска варијанта со кошула и елек.

-Зашто песната и спотот имаат хрватска верзија, „Кроација рекордс“ инсистираше и јас како пејач да се појавам. Морав да прифатам, што можеби ќе значи дека и во наредните спотови на моите нови песни, најверојатно ќе се појавувам, рече на промоцијата пејачот. (Л.С.)

 

Фото: Борис Грданоски