Викенд-хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите?
ОВЕН:
Вашите мисли се нејасни сега, но некој од вашата околина кој има влијателна позиција ќе ви помогне. Послушајте го советот од овој човек. Вашата верба во сопствените моќи е многу слаба, но не го сфаќајте периодов трагично. Набрзо условите се менуваат.
БИК:
Совршени и реципрочни врски – се чувствувате многу среќно. Безусловна љубов како дарба од универзумот, како и синхроницитети кои ви укажуваат дека сте на вистинскиот пат. Давајте и примајте. Отворете го својот ум и срце и прифатете ги можностите кои ви се нудат.
БЛИЗНАЦИ:
Сè што ќе преземете овој период ќе биде успешно. Невидлива сила ве води и ги стабилизира односите со луѓето, а што ќе ви помогне да направите нови контакти, кои ќе се покажат поволни. Минатите напори и работа ќе бидат наградени. Пратени сте будно.
РАК:
Времето за силна активност сè уште не е дојдено, но знајте дека среќата ќе ви се насмевне доколку сте трпеливи. Понекогаш сте многу анксиозни во љубовната арена, но не грижете се, сè ќе си дојде во свое време. Важно е дека гледате појасно и бистро. Едноставност.
ЛАВ:
Ова е поволен период за многу потфати и сè што ќе преземете, ќе има нота на успех. Конечно се отвораат канали за експресија на вашите таленти и работа, затоа верувајте си себе и на својата моќ на заведување. Навистина сте специјални и убедливи.
ДЕВИЦА:
Успех како круна на сите ваши настојувања, чука на вашата врата. Сепак е прерано да се дејствува, но ако малку по малку секој ден чините по нешто, неизбежно ќе ја постигнете својата цел, а условите ќе се подобруваат. Нема да чекате долго за среќа.
ВАГА:
Имате широка перцепција за реалноста и со голема јаснотија ги решавате проблемите. Ќе можете да ги изолирате емоциите од грижите и ситуациите и на тој начин се здобиете со баланс. Патувајте. Дистанцирајте се од проблемите што не се ваши. Олеснување.
СКОРПИЈА:
Чекајте и собирајте сила – набрзо таа ќе ви треба. Прераните дејствија може само да наштетат. Почекајте уште малку и знајте дека по два месеци ќе наидете на личноста која ќе ви помогне во вашите потреби. Планирајте понатамошни акции. Добри финансии.
СТРЕЛЕЦ:
Вашето време е дојдено и сега сте спремни и полни со сила, затоа зафатете се со работата сериозно! Сега е добро да обрнете внимание и на деталите, што обично не ви доаѓа лесно, а истото се однесува и на новите љубовни врски и односи. Не патувајте.
ЈАРЕЦ:
Постигнувања и привилегирана позиција, а што ви ја зголемува самодовербата и чувството за статус. Ја проширувате својата друштвена мрежа и имате реципрочни врски. Инвестиции на професионален план. Развивање на уметничката страна.
ВОДОЛИЈА:
Сега е добро да внимавате на хипокритичните односи во љубовната сфера и на односите со спротивниот пол. Минувате низ крупни промени, но не плашете се дури и ако откриете дека пријателите не ве поддржуваат. Тоа нема да ве спречи во прогресот. Мудрост.
РИБИ:
Планетарната ситуација укажува на чувство на дисхармонија и ви се чини дека луѓето наоколу се злобни со вас. Дури и најбезначајните ситници ве разлутуваат. Смирете се и приберете се, ситуацијата набрзо ќе се поправи. Тешко ви е да најдете сојузници. Ве следи жена.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ