(ВИДЕО) Голем пожар во Хрватска: Се евакуираат туристите и мештаните
Пожарот што ја фати боровата шума околу 8 часот утрово во селото Мокало кај Оребиќ, на Полуостровот Пелешац, се шири со голема брзина носен од силниот ветер.
Огнот стигна до влезот во Оребиќ, а во моментов се евакуираат локалните жители и туристите. Засега, најмалку четири куќи се изгорени. Пожарникарите едвај успеаја да ја одбранат бензинската пумпа на влезот во Оребиќ, а сега се обидуваат да ги спасат резервоарите за нафта кај селото Станковиќ.
Во гаснењето на пожарот се вклучени и авиони „канадери“.