(Видео) Пејач обвинет за детска порнографија, му се заканува затвор од 20 години


Јутуб ѕвездата Остин Џоунс, кој се прослави со обработка на познати поп хитови на Интернет, ќе помине најмалку пет, а најмногу 20 години во затвор, поради производство и дистрибуција на детска порнографија, затоа што малолетни обожувателки поттикнувал да му праќаат фотографии на кои се голи.

Џоунс (26) пред судот во Чикаго ја призна вината, а до изрекување на пресудата може да побара психијатриска помош.

Тој од 2010 до 2017 година од десетици девојчиња барал да му пратат фотографии без облека, а најстарата меѓу нив имала 15 години.

Тој им пишувал: „Биди среќна што воопшто ти обрнувам внимание. На следната фотографија биди без гаќички за да докажеш дека си ми најголема обожувателка“.

Казната ќе му биде изречена во мај.