(Видео) Гвен Стефани и Блејк Шелтон ни ја честитаа новата 2019
САД- Двојката Гвен Стефани и Блејк Шелтон ни ја честитаа Новата година со новото празнично видео за песната „ You Make It Feel Like Christmas” .
Ова е прв пат поп-ѕвездата и кантри ѕвездата да ги здружат силите професионално иако приватно се двојка четири години.
Гвен, пред три ипол години, по 13 години брак се разведуваше од Гевин Роздејл со кого има три деца. Сега, е среќна во врската со кантри-ѕвездата и жири на реалното шоу “Глас“ Блејк Шелтон кој лани “Пипл“ го избра за најсекси маж на планетата. За неа Божик е свет празник. По четврти пат ќе го слави со дечкото на неговиот ранч во Оклахома, а лани сними и празничен албум “Правиш да е Божик“(You Make It Feel Like Christmas).
“Јас сум дете на 80-тите. Обожавав кога дома се собиравме околу елката и ги чекавме подароците, елегантно завиткани. Ми значеа и божикните песни, а среќна сум што можев да снимам албум во таков дух и да го споделам со фановите. Работите во животот ми се наредија како што сакав. Музиката како и семејството ми се најважни работи во животот, време е да се прослави. Среќна сум што крај мене имам партнер со кој можам да ги споделам сите радости и успеси, вели Стефани, која важи и за едно од најдобро облечените ѕвезди во шоу-бизнисот.