(ВИДЕО) Бред Пит пред 30 години ја почнал својата кариера како син на Милена Дравиќ
Синоќа во Белград на 79 години почина големата српска актерка Милена Дравиќ. Таа во својата богата кариера има одиграно над 150 филмски и телевизиски улоги.
Во еден од тие филмови, во 1988 година во Котор, холивудскиот актер Бред Пит глумеше рамо до рамо со легендарната Милена Дравиќ. Филмот „Темната страна на сонцето”, во режија на Божо Николиќ, е дебитантски филм за Бред Пит.
Неподвижната мајка на Бред Пит во филмот ја толкуваше Милена Дравиќ, а Горица Поповиќ беше нивната домашна помошничка.
Милена Дравиќ беше во брак со Драган Николиќ четири и пол децении и беа еден од најомилените актерски парови на просторите на поранешна Југославија.
Милена Дравиќ почина ноќеска во Белград на 79 години после долга и тешка болест во Клинички центар на Бежаниска коса. Нејзиниот сопруг Драган Николиќ почина на 12 март 2016 година.