Бринета и русокоса во Белата куќа: Словенката Меланија или Чехинката Моника?
САД – Доналд и Меланија Трамп ги пречекаа чешкиот премиер Андреј Бабиш и неговата сопруга Моника во Белата куќа во Вашингтон.
Целото внимание на јавноста беше свртено кон атрактивните прв дами, една бринета, другата русокоса, едната Словенка, а другата Чехинка.
За официјалната средба двете дами шармираа во комбинации со впечатливи капути. 48-годишната прва дама на САД носеше зелен мантил од Алекса Чанг и чевли Лубутан, додека 44-годишната Чехинка избра капут од Фенди со крзнени детали на ракавите.