Баба Ванѓа претскажала: Во 2018 Кина ќе стане новата светска велесила


Јасновитката Баба Ванѓа, за време на својот живот запишала предвидувања кои, наводно, ќе се случуваат се до 51-от век, кога наводно, и ќе се случел крајот на светот.

Пророчицата е родена во Струмица, но поголемиот дел од својот живот го мина во Бугарија, односно во местото наречено Рупите на планината Кожуф во Пиринска Македонија. Почина во Софија, во 1996 година.

За 2018. година, таа претскажала дека Кина ќе стане новата светска велесила која ќе гопреземе приматот од Америка, а 10 години подоцна ќе се открие „нов вид енергија на планетата Венера“.

За малку подалечната иднина, т.е. за 2025. таа предвидела ново „Златно доба”. Клонирањето, според неа, ќе стане „најраспространетиот лек“. Натаму, јасновитката од македонско потекло навестува дека во периодот 2033 – 2045. ќе се стопат земјините полови, со што морското ниво ќе се подигне. Тогаш и муслиманите ќе завладеат со Европа. А пак, САД ќе го нападне „исламски Рим“ со оружје, кое,наводно, ќе го „замрзнува противникот“.