Ацо Колевски избран за член Советот на јавните обвинители


Јавниот обвинител Ацо Колевски е избран за член на Советот на јавните обвинители Република Македонија (СЈОРМ).

Од Советот информираат дека вчера било спроведено гласање за избор на еден член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија од општата листа на кандидати од подрачјето на Јавното обвинителство на Република Македонија, изборна единица 5.

– доби Ацо Колевски – јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија доби шест гласа, додека Бодан Лазаревски – јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија доби пет гласа, се наведува во денешното соопштение од СЈОРМ.