Акција во Струга за разбивање нарко-мрежа
Полициска акција за разбивање криминална мрежа на дилери на дрога се спроведува во Струга и Струшко.
Според некои медиуми, приведени се повеќе лица, меѓу кои и функционер од јавна установа и полициски инспектор.
Од МВР ја потврдија акцијата, ама не откриваат детали. Најавено е соопштение до крајот на денов.