Администрацијата на САД го ограничи бројот на бегалци на 30.000 за 2019 година
САД– Админстрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го намали до 30.000 бројот на бегалци на кои ќе им биде дозволено да влезат во САД во 2019 година.
Ограничувањето беше објавено и покрај апелите на глобални хуманитарни организации дека претходно објавениот максимум од 45.000 бегалци е многу низок.
Максимумот од 30.000 бегалци за следната фискална година што почнува на 1 октомври, беше објавен од државниот секретар Мајк Помпео.
Во последната година од власта на претседателот Барак Обама во САД беа прифатени 85.000 бегалци.