Црн ориз – идеална намирница за губење тежина
Јужнокорејските научници дошле до заклучок дека црниот ориз може да помогне во борбата против вишокот килограми и да ја спречи дебелината.
Научниците ја спровеле студијата на лабораториски глувци со прекумерна тежина. За време на експериментот, глувците се хранеле со црн ориз. Научниците утврдиле дека црниот ориз ги скратува наталожените липиди во црниот дроб и масните ткива, а исто така го намалува нивото на холестерол. Затоа тој помага да се намалат последиците од висококалорична храна и ја намалува брзината со која се трупа вишокот килограми.
Истражувачите забележале дека црниот ориз содржи повеќе антиоксиданти, протеини, влакна и помалку шеќер во споредба со белиот ориз. Покрај тоа, црниот ориз има помал гликемичен индекс од само 42,3, додека кај белиот ориз овој показател е еднаков на 64.
Сето ова го прави црниот ориз комплетно диететски производ кој овозможува на долг рок да се намали чувството на глад без последици по здравјето.