Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите за денес
ОВЕН: Полни со страст, убавина и шарм, денес ги освојувате сите. Сепак обидете се да се воздржите бар малце и не одете во екстреми со својот нагласен идеализам. Љубезни и волни да им помогнете на сите, имате грст на нови идеи во својата глава. Понуда и од друга страна.
БИК: Не му дозволувајте на умот да ги блокира вашите емоции и не се залажувајте. Можна е тензија поради некој минат конфликт – правење на шеми, злоупотреба на довербата и лоши договори, затоа внимавајте. Сѐ се менува, но на крај ќе постигнете сосема добри резултати.
БЛИЗНАЦИ: Денес се здобивате со јаснотија, контрола и мир среде проблематичните ситуации. Вашата интуиција е зголемена и увидувате дека набрзо ќе видите резултати за своите напори. Жедни сте за знаење и успевате да ги надминете ситните искушенија, проблеми и препреки.
РАК: Ова е прекрасен ден на повеќе нивоа – се чувствувате богато во материјална и духовна смисла и ја концентрирате својата сила на остварување на вашите желби во однос на работата. Можна средба со важна личност кој ќе ви даде идеја како да напредувате преку храбра акција.
ЛАВ: Набрзо може да очекувате големи промени – до тогаш не отпочнувајте ништо ново за да не западнете во некоја глупава ситуација. Сега ви е потребна самоконтрола и воздржување. Не дозволувајте да ја дефокусрате својата енергија со конфликти во личните или бизнис релациите.
ДЕВИЦА: Денес имајте во предвид дека е добро да ги процесирате собраните информации и да штедите малку. Ова е добар период за уметност и креативност, затоа не губете интерес, верба или правец во отпочнатите работи. Вашите планови ќе се остварат во блиска иднина, почекајте.
ВАГА: Со Месечината во својот знак доаѓате до голем апетит за знаење и логика – не мора сѐ да раскажете, сочувајте нешто и за себе. Денес е добро внимателно да истражувате и да бидете фер и умерени во сѐ. Со својата елоквентност ќе успеете да разјасните многу дилеми. Правда.
СКОРПИЈА: Средба со влијателна личност која може да ги одобри или отстрани вашите планови. Имајте верба во традицијата и старата школа, поддржете ги другите, имајте симпатија и бидете лојални – ќе ви се исплати. Примање на инструкции, учење и добивање на нова инспирација.
СТРЕЛЕЦ: Ова е убав ден во кој ќе успеете да постигнете просперитет и профит, па дури и ќе го споделите со другите. Постигнувате успех и широкоградост во материјалните работи, а својата сила и моќ ја инвестирате во благородни цели. Можеби ќе треба да му помогнете некому.
ЈАРЕЦ: Денес сте бестрашни, инспирирани, отворени и желни за авантура. Конечно се ослободивте од грижите и нервозите. Се среќавате со нови идеи, планови и проекти кои доаѓаат од неочекувани места. Не бидете ноншалантни, екстравагантни и опиени со животот.
ВОДОЛИЈА: Сега е добро да стремите кон свесна приватност – повлечете се, пребројте ги силите и бирајте добри сојузници. Успехот ви е на дофат на рака, но бидете внимателни. Можна е средба со неочекуван гостин кој ќе ве израдува. Постојат шанси и за романса, комфор и луксуз.
РИБИ: Можна средба со позрела личност со добра етика и авторитет. Овој човек е некорумпиран и не го засегаат туѓите емоции. Затоа и вие ќе бидете остроумни, директни и елоквентни во својот говор – искористете ја оваа шанса, инспирирани од довербата и лојалноста
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ
Περιοχή συνημμένων