Хороскоп: Награда за близнаците, профит за биковите
ОВЕН: Зошто си дозволувате да бидете бавни кога треба да се донесат брзи решенија? Така може само да си наштетите и да појдете по погрешен пат. Обидете се да ја слушнете својата интуиција, а не само желбите кои немаат никаква врска со реалноста. Пробајте со друг пристап.
БИК: Иако не очекувате, денес имате шанса за материјална добивка и профит. Почнувате нешто со што ќе ги реализирате и најинтимните желби, а може да добиете подарок, важен документ, наследство или шанса за брзо напредување во физичкиот свет. Бидете практични!
БЛИЗНАЦИ: Проектот на кој што работите некое време конечно ќе донесе резултати и вие ќе бидете наградени. Сега треба да поработите уште малку и со верба и да преземете директна акција, наместо да сте летаргични. Следете го својот здрав разум и интуиција, па сѐ ќе биде ок.
РАК: Иако сте бавни, сепак сте решителни и се движите кон својата цел. Луѓето околу вас може да се потпрат и сметаат на вас, бидејќи сте чесни, одговорни и ги знаете своите должности. Сега имате волја да ги направите потребите промени со недвосмислена употреба на својата сила.
ЛАВ: Не му дозволувајте на внатрешниот немир да ви ги расипе сите блиски односи и партнерства – иако работите добија нова димензија, немојте да сте неодговорни и неодлучни. Не посакувајте нешто што за сега не може да го имате, туку почекајте подобри времиња. Одмор
ДЕВИЦА: Вашето време е дојдено, затоа препуштете ѝ се на работата земајќи ги сите детали во предвид. Брза динамика и многу нови информации – не правете нагли одлуки засновани на новите вести, не преземајте нагли понуди за патување, туку разумно решете го основното сега.
ВАГА: Можна стагнација или уплав – одбивате да го заборавите минатото, а тоа ви пречи да напредувате. Учествувајте во колективните цели и прифатете ги советите од пријателите и колегите. Бидете чесни и не ги запоставувајте своите обврски – љубовни или професионални.
СКОРПИЈА: Вашиот стремеж кон среќа и успех ве направи по малку тврдокорни и затворени, токму кога треба да ја преземете улогата на лидер. Имате големо искуство, социјална моќ и сила да го постигнете зацртаното – не се расправајте со блиските и колегите за неважни работи.
СТРЕЛЕЦ: Успехот се придвижува во ваш правец, бидејќи чекавте доволно долго за тоа. Ова е прекрасен ден за секаков вид на забава, но не се препуштајте премногу. Ќе ги реализирате вашите планови и почнете сосема нови. Сепак внимавајте и не трошете повеќе од потребното
ЈАРЕЦ: Иако вашите цели се менуваат, сепак останете доследни на своите принципи – бидете задоволни и среќни дури и со ситните успеси. Тие потоа ќе повлечат и поголеми зделки, затоа не пливајте против струјата – приспособете се и бидете спремни за големи промени во животот.
ВОДОЛИЈА: Сега е добро да ја преземете улогата на лидер, иако тоа не им се допаѓа на луѓето околу вас – не им обрнувајте внимание, туку внимавајте да не ветите нешто што не би можеле да го исполните. Соработувајте со истомислениците и така ќе постигнете успех. Забава и хоби.
РИБИ: Денес сте задоволни со постигнатото, како во љубовта, така и на професионално и пријателско ниво. Ги постигнувате вашите најдлабоки желби и уживате во убавината и расположението околу вас. Зрачите со голема радост, самодоверба и изобилство наоколу вас.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ