Фулам се врати во Премиер Лигата
Тимот на Фулам се врати во Премиер Лигата по четиригодишно отсуство. Лондонскиот тим постигна победа од 1:0 над Астон Вила во финалето на баражот на „Вембли“ денеска.
Тимот на Славиша Јокановиќ триумфираше по силно прво полувреме и гол во 23-тата минута. Во 70-тата тимот од „Крејвен Котиџ“ останаа со фудбалер помалку, но издржаа до крајот и не примија гол.
Фулам го освои „најскапиот натпревар во светот“, бидејќи победникот во него добива сума од девет цифри во британската фунта.
Јокановиќ по втор пат успева да внесе тим во Премиер Лигата, откако претходно му успеа истото со Ватфорд.