(Фото) Боливудската ѕвезда Аишвариа Раи во уникатна тоалета во Кан


Франција– Боливудската актерка и мис на светот во 1994 година Аишвариа Раи се врати на црвениот килим на Кан со уникатна тоалета на дизајнерот Мајкл Чинко. Креацијата на дизајнерот кој работи во Дубаи е замислена како трансформација на пеперутката во сите нејзини фази. Се прелива од темно сино до виолетова боја и е целата украсена со сваровски кристали. Уникатот е работен 3000 часови во студиото на Чинко.

Тоалетата била подготвувана за изложба на компанијата „Сваровски“ но кога Раи ја видела, ја посакала за себе. Аишвариа е редовна гостинка на Канскиот филмски фестивал.