Уапсен е близок соработник на министерот Спасовски
Под сомнение за злоупотреба на службена должност, попладнево од слобода е лишен Д.С., вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Приведувањето е извршено по налог на Основното јавно обвинителство, под сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Тој бил приведен попладнево во полициската станица Кисела Вода.