Тешко дека ќе се укинат визите за Косово пред 2020 година


Претседателот на Стопанската комора на Косово Берат Рукиќи смета дека реална опција за визна либерализација за Косово е почетокот на 2020 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ккао што напиша Рукиќи на Фејсбук, во Советот на Европа не се ставаат на гласање прашања за кои нема целосен консензус на моќните земји во Европската унија (ЕУ).

– Има две земји со извонредна моќ во ЕУ, кои поради една или друга причина, се противат на либерализацијата на визите за Косово: Франција и Холандија. Шансите за позитивна одлука за визите, во текот на оваа година, се 50/50. Во Советот, сличните прашања во ниеден случај не се ставени на гласање доколку нема консензус, посебно од земјите кои имаат моќ. Најреална опција за ефективна либерализација е почетокот на 2020 година, напиша претседателот на Стопанската комора на Косово.