Симбол не само за дамите, туку и за трендсетерите: Во бисери од глава до петици


САД- Ако мислевте дека бисерите и нивните имитации се носат само околу вратот или зглобот – се лажете. Модните дизајнери своите креации ги украсуваат со ситни бисери, додека во понудата на комерцијалните брендови можат да се пронајдат фармерки и модни додатоци украсени со бисери.

„На жената ѝ се потребни редици и редици бисери“, изјавила легендарната дизајнерка Коко Шанел, а скапоцените топчиња оваа есен се носат од глава до петици.

Трендот од модните писти набрзо ги преземаат комерцијалните брендови, а имитации на бисерите се појавија на капите, чорапите, ракавиците и на шаловите. Се комбинираат со кадифе, со кожа, со памук и со волна.