Селфи
Животот е селфи, селфито е живот.
Ништо приватно, сѐ јавно.
Јас, па јас.
Мое, само мое.
Види, види, како добро изгледам.
Ха, ха, ау, ау, браво, браво, уа, уа.
Ти избираш место, повод и друштво.
Го правиш од ќеф, за сеир, од инает или зашто сите така прават.
Не избира пол, возраст, националност, образование, место или сезона.
Некој сака да се фали, а некој сака да остане анонимен.
Некој бега, а некој лови.
Некој позира, а некој се крие.
Некој коментира, а некој молчи.
Некој навредува, а некој аплаудира.
Некој е жртва, а некој насилник.
Некој информира, а некој хакира.
Некој се изолира, а некој сака да се дружи.
Убавото стана грдо, грдото убаво.
Сите аматери станаа професионалци.
Сите неуки станаа експерти.
Сите игнорирани и отпишани добија место на социјалните мрежи да кажат или покажат нешто.
Селфи е автопортретот на 21 век.
Трач, сеир, лицемерие и живеење според „нови правила“.
Селфи, тоа сме ние.
Самобендисани.
Самозаљубени.
Саморекламери.
Самозадоволни.
Бесрамни.
Опсесивни.
Зависни.
Позери.
Нарцисоидни.
Контролфрикови.
Глумци.
Озборувачи.
Гладни за аплаузи и за моќ.
И на крај, што?
Животот, работата, успесите, угледот и изгледот да ви се сведат на лајк и дислајк?!
Дислајк!!!!