Ролат со банана (посно, без печење)


Состојки:

 

2 јаболка

4 банани

250 г шеќер во прав

250 г маргарин

300 г мелени посни бисквити

150 мл посна слатка павлака

 

Приготвување:

Јаболката изрендајте ги на ситно ренде, додајте 2 банани и испасирајте ги со виљушка. Додадете го растопениот маргарин, шеќерот и мелените бисквити. Измешајте сѐ за убаво да се состави. Смесата ставете ја на фолија и расукајте кора дебелина околу 1,5 см. На крајот ставете две цели банани и завиткајте ролат. Ролатот ставете го во фрижидер да се стегне. Кога е изладен ролатот, премачкајте го со слатка павлака која претходно сте ја изматиле.