Раул Гонзалез: Горд сум на моите играчи
Во својот втор настап на Ф4 турнирите во Келн, ракометарите на Вардар ќе играат за бронзениот медал. Противник ќе им биде тимот на ПСЖ. Во полуфиналето Вардар загуби од Монпелје со 27-28 (11-14).
Раул Гонзалез, стратегот на Вардар , по поразот од Монпелје истакна дека е горд на своите играчи и покрај неуспехот во полуфиналето против францускиот тим.
„Честитки за Монпелје, направија доста добра работа на овој Ф4. Одиграа перфектен и фантастичен ракомет против нас. Цел меч ние правевме грешки. А, кога грешиш во нападот, високо ја плаќаш сметката. Во второто полувреме бевме подобри, имавме шанса да победиме, но Монпелје едноставно беше подобар од нас во клучните моменти. Честитки за играчите, горд сум на нив. Четири години минавме заедно, немам лоши зборови“ изјави Раул Гоналез.
Фото: rkvardar.mk